Мечот од 17-тото коло во втората лига во Полска меѓу Полонија Варшава и Рух кој се одигра изминатиов викенд го одбележа пиротехнички скандал. Двајца хулигани на стадионот во главниот град на Полска се обиделе да внесат пиротехнички средства, и тоа во возило за брза помош.
„Полицијата реагирала против 21-годишно момче за кое дополнително е утврдено дека е студент по медицина. Во визилото за Брза помош биле тој и една 52-годишна жена. Се утврдило дека во возилото пренесуваат вреќи со пиротехнички средства. Луѓето се однесувале многу нервозно. Откако биле откриени, биле уапсени“, стои во објавата на полицијата.
Во полицискиот извештај стои дека двајцата сакале на стадионот да внесат повеќе од 160 различни видови пиротехничи средства, 29 заштитни комбинезони, како и 20 запалки. Според членот 59 од Законот за сигурност при масовни случувања во Полска, ова е казниво дело за кое се предвидува затворска казна и во траење до пет години.