Суарес аплицирал за италијанско државјанство?

Се чини дека останувањето на Лионел Меси во Барселона нема да биде доволно за Луис Суарес да се премисли, откако веќе се договорени условите за преселба во Јувентус. Уругвајскиот напаѓач ќе ја заработува истата плата од 10 милиони евра по сезона, а според италијанските медиуми Суарес веќе аплицирал за италијанско државјанство и почнал да го учи јазикот.

Наводо Суарес уште пред неколку години ја започнал процедурата за италијански пасош, но оставил во мирување бидејќи не му се брзало. Сега во забрзан процес Бјанконерите се обидуваат да ги завршат административните обврски и да го ангажираат Суарес, а воедно да им остане простор за купување на играч кој не е од Европа.

Во случај да дојде до компликации, односно Јувентус да не го добие посакуваното засилување, Един Џеко од Рома останува како алтернатива во нападот.

- Оглас -

Најнови вести