Еден од најдобрите напаѓачи во светот, Ерлинг Халанд, со убав гест предизвика голема среќа кај синот на Луис Суарес, Бенџамин, кој денеска наполни 8 години. Халанд му испрати на Бенџамин дрес со негов потпис и посвета за роденденот.
Уругваскиот фудбалер на Атлетико Мадрид објави фотографија од син му како позира со дресот на неговиот омилен напаѓач, се разбира, не сметајќи го татко му.
„Топ играч. Многу сум благодарен за потпишаниот дрес за роденденот на мојот син. Голем гест. Продолжи да работиш напорно и уште еднаш голема благодарност“, му порача Суарес на Халанд.