Луис Суарес е позитивен на корона-вирусот и ќе мора да оди најмалку во 10-дневна изолација. Тоа значи дека Суарес со сигурност ќе го пропушти големото дерби кое ќе се игра викендов меѓу Атлетико Мадрид и Барселона.
Уругвајскиот репрезентативец се зарази со опасниот вирус додека е со репрезентативни обврски во квалификациите за Светското првенство 2022 година. Лекарите потврдија дека Суарес е позитивен и тој нема да може да биде во дресот на Атлетико во еден од најважните дуели.
Во Шпанија со нетрпение се очекуваше овој дуел затоа што Суарес требаше да игра против клубот во кој ги помина претходните шест години, а летово беше избркан како непотребен. Уругваецот одлично се вклопи во дресот на Атлетико и во девет меча има пет погодоци и една асистенција, но сепак нема да игра против каталонскиот гигант.