21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Суарес го расипа елитното враќање на Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Милан до последните 10 минути од регуларниот дел имаше водство против Атлетико Мадрид, но на крајот загуби со 2:1.

На враќањето на својот стадион во најелитното европско натпреварување, Уругваецот ја расипа забавата на домаќините со гол во 97-мата минута.

Претходно, голот за израмнување беше дело на Антоан Гриезман во 83-тата минута, додека Милан поведе со голот на Рафаел Леао во првиот дел.

Сепак, домашниот тим ќе има многу замерки за судијата Гунејт Чакир, кој најпрвин во 24-тата минута му даде црвен картон на Франк Кеси, а потоа во последните мигови досуди и пенал, иако таа одлука се чини дека беше праведна.

Со оваа победа, Атлетико дојде до четвртиот бод во групата Б, додека Милан е последен со нула. Напред е Ливерпул, кој има максимален скор откако со 5:1 го декласира Порто, и тоа на гостински терен.

 

https://twitter.com/DZmafiia13/status/1442958485927329800

- Оглас -

Најнови вести