Суарес и Фабрегас со поддршка до Меси и Нејмар: Фудбал без меморија, срамота! (Фото)

Односот на навивачите на ПСЖ кон Лионел Меси и Нејмар за време на мечот со Бордо, не го одобруваат неутралните љубители на фудбалот, а поддршка за Аргентинецот и Бразилецот изразија и нивни поранешни тимски колеги. Тие порачаа дека многу брзо се заборава кој што има направено во фудбалот.

Меси и Нејмар кои се две од трите најголеми ѕвезди на ПСЖ, дочекаа од фановите на клубот чиј дрес го носат, да бидат исвиркани при секој контакт со топката, а причина е незадоволството од нивните игри против Реал Мадрид, и елиминацијата уште во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Луис Суарес преку Инстаграм порача: „Како и секогаш, фудбал без меморија. Секогаш со вас, ве сакам многу“.

Слично нешто објави и Сеск Фабрегас, кој истотака во Барселона играше заедно со Меси и Нејмар.

„Фудбалот нема паметење. Срамота. Секогаш со вас браќа“ – напиша Фабрегас е член на Монако.

- Оглас -

Најнови вести