Суарес и Гереро имаат старо ривалство

Вечерва од 21 часот на Копа Америка се игра интересен меч во кој Уругвај е фаворит против Перу, но последниот меѓусебен дуел на овие селекции го добија Перуанците, па ќе има голема борба на теренот на стадионот во Салвадор.

Пред осум години, на Копа во 2011, Луис Суарес беше прогласен за најдобар играч, а Паоло Гереро прв стрелец. Тие двајца и вечерва се главни играчи во своите селекции. Во таа 2011, поуспешен беше Суарес, кој во полуфиналето со два гола им донесе победа на Уругвајците од 2-0, но кога тие тимови играа во групната фаза, мечот заврши 1-1, а головите ги дадоа Суарес за Уругвај и Гереро за Перу.

Напаѓачот на Барселона секогаш има гол или асистенција кога игра со Перу. Иако од битката во 2011 поминаа осум години, фановите повторно од истите актери очекуваат најмногу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести