Суарес и Кавани преку Јапонија ќе го одведат Уругвај во нокаут-фазата

Уругвај – Јапонија (01 часот – Копа Америка, второ коло)

Уругвај како апсолутен фаворит ќе влезе во мечот и против Јапонците. На стартот од шампионатот против Еквадор покажаа дека се „гладни“ за трофеј, а двете најголеми ѕвезди Луис Суарес и Единсон Кавани се „жедни“ за голови. Тргнаа со триумф од 4-0, а се очекува избраниците на Оскар Табарес да продолжат со голгетерскиот ритам.

Против Јапонија вкупно играле пет меча и сите биле од пријателски карактер. Кога последен пат се сретнаа во октомври 2018 година, Јапонија победи со 4-3, но претходните три меча им припаднаа на Уругвајците, додека еден заврши без победник. Според моменталната форма, Уругвај редовно забива барем по три гола на меч, нека биде така и ноќеска.

Предлог тип: 1 & 3-5 (2.40)

 

Никарагва – Хаити (01 часот – Голд куп, второ коло)

Хаити тргна со победа над Бермудските Острови на Голд купот, а како фаворити во пресметката против Никарагва можат да дојдат до нови бодови и да бидат чекор поблиску до следната фаза од натпреварувањето. Никарагва претрпе дебакл од Костарика, а и сега шансите им се мали да извлечат позитивен резултат од овој меч.

Меѓутоа, репрезентативните натпреварувања се тука да приредат и по некое изненадување, а Никарагва еднаш го направи тоа токму против Хаити пред две години, кога победи со 3-0.

Предлог тип: X2 & 0-2 (2.15)

 

Koстарика – Бермудски Острови (03 часот – Голд куп, второ коло)

Самодовербата е на високо ниво кај Костариканците по сигурниот старт на Голд купот. Ноќеска против селекцијата на Бермудските Острови повторно се апсолутни фаворити, а со нов позитивен резултат ќе го осигурат патот до следната фаза. Иако немаа добри подготовки, фудбалерите на Костарика се најдобри во својата група и без проблем треба да продолжат со победите.

Инаку, ова ќе биде прв меѓусебен дуел меѓу Костарика и Бермудските Острови.

Предлог тип: 3-5 гола (1.72)

 

Лос Анџелес – Сан Хозе ертквејкс (04:30 часот – УС Опен куп, осминафинале)

Лос Анџелес како најдобрата екипа од Западот ќе атакува на прва титула во Купот на САД, а Сан Хозе им е прва пречка. Лани стигнаа до полуфиналето, каде што загубија од тимот на Хјустон, кој подоцна и го освои пехарот, а сега ќе целат на пласман до самата завршница, која треба да ја крунисаат со трофеј.

Со тимот на Сан Хозе лесно излегуваат на крај, Лос Анџелес досега ги доби сите три меѓусебни дуели, во последниот славеа со големи 5-0 благодарение на хет-трикот на Карлос Вела. Токму најголемата ѕвезда на екипата од Ел-Еј повторно ќе биде најголемата закана за Сан Хосе.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.18)

- Оглас -

Најнови вести