Суарес и Меси најдоа решение за Облак, шампионско славје во Барселона

Барселона го доби дербито против Атлетико Мадрид со конечни 2-0 и направи голем чекор кон нова шампионска титула во Шпанија. На средбата на „Камп ноу“ се случија многу возбудувања, а Јан Облак можеше да биде херој на „јорганџиите“, имаше голем број на атрактивни интервенции, но сепак Меси и Суарес во финишот го најдоа патот до неговата мрежа.

Првото полувреме го одбележа црвениот картон на Диего Коста, па Атлетико цел еден час мораше да се надигрува со 10 играчи на теренот. Се чинеше дека и вториот овосезонски дуел на Барса и Атлетико ќе заврши без победник (1-1 на 24 ноември, 2018), но напаѓачкото дуо Меси-Суарес во 85-тата, односно 87-та минута ги донесоа бодовите за актуелниот шпански првак.

Сега бодовната разлика меѓу овие две екипи е 11,  а до крајот на првенството во Ла Лига треба да се одиграа уште седум натпревари.

https://www.dailymotion.com/video/x75dww9

 

https://www.dailymotion.com/video/x75dx2a

- Оглас -

Најнови вести