Барселона влезе во победнички ритам со победата од 2-1 против Леганес во мечот од 14-тото коло во Ла Лига. Шпанскиот првак доста се намачи за новите три бода со кои ја задржаа лидерската позиција на табелата, бидејќи домаќините остварија минимална предност во првиот дел.
Ен Несири со првиот обид кон голот на Тер Штеген успеа да ја затресе мрежата на Каталонците, го стори тоа во 12-тата минута, а потоа неговиот тим одолеваше на нападите на гостите сè до паузата. На Валверде му беа доста петнаесетина минути за да ги консолидира неговите фудбалери, па така дојде и израмнувачкиот гол на Суарес набрзо по стартот на вториот дел.
Барса се мачеше до 80-тата минута за да го постигне водечкиот гол кој може да им обезбеди три бода, а за тоа се погрижи Видал кој одлично се снајде пред голот на домаќините по еден изведен корнер на неговиот тим.
Барселона останува на првото место по ова коло со 28 бода, а своето место ќе го задржи и Леганес, како фенерџија на табелата со само шест бода по 13 натпревари.
https://twitter.com/Footygoalsbet/status/1198228194295517184
https://twitter.com/plgolas/status/1198234276719943681