15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Суарес има опасна клаузула од која се плашат навивачите на Атлетико Мадрид

Луис Суарес има клаузула во договорот со Атлетико Мадрид од која се плашат сите симпатизери на лидерот во Ла Лига.

Опасниот напаѓач, кој повторно игра одлично во шпанското првенство и постигна 16 голови на 22 меча, при трансферот од Барселона во Атлетико Мадрид инсистирал да биде вметната клаузула дека може да си замине без отштета веќе ова лето, иако се обврза да биде член на шпанскиот гигант до 2022 година.

Тоа значи дека може да ја смени средината во следниот преоден рок, но според сите параметри, нема да го стори тоа бидејќи е исклучително задоволен од приемот во новиот клуб.

Игра на врвно ниво и на 34-годишна возраст постојано со голови потврдува дека е еден од најдобрите шпицови на светот и Атлетико може да смета дека Суарес ќе го одработи целиот договор, што важи со 2022 година.

Уругваецот има убава серија од 10+ голови во последните 11 сезони, четири од нив минати во Ливерпул, шест во Барселона и сега во Атлетико Мадрид.

Рекорд му се неверојатните 40 голови на 35 натпревари за Барселона во сезоната 2015/16.

 

- Оглас -

Најнови вести