Суарес ќе отсуствува три до четири недели

Барселона загуби многу повеќе од три бода во вчерашниот пораз од Атлетик Билбао на отворањето на сезоната во Ла Лига. Каталонците го загубија Луис Суарес поради повреда на листот од десната нога.

Утринава биле извршени деталните медицински прегледи кои ја потврдија лошата вест за Уругваецот, но шпанскиот првак не одреди колку точно ќе трае рехабилитацијата на Суарес. Сепак, за оваа честа повреда кај фудбалерите се потребни најмалку три до четири недели за закрепнување.

Тоа значи дека голгетерот на Барса нема да се врати на терените пред средината на септември, односно пред почетокот на репрезентативните обврски. Валверде не ќе може да смета на него во дуелите против Бетис на 25 август и против Осасуна шест дена подоцна.

- Оглас -

Најнови вести