Суарес: Кога бевме на одмор, Меси ми кажа дека кариерата ќе ја заврши во Барселона

Заминувањето на Лионел Меси од Барселона било големо изненадување дури и за Луис Суарес, уругвајскиот фудбалер кој заедно со Аргентинецот беа на одмор до неколку дена пред шокантната вест. Суарес кој е трети стрелец во историјата на Барселона, истотака не се раздели со Барса како што сакаше, а утре во дресот на Атлетико Мадрид ќе се обиде да даде гол против Каталонците.

„Многу ме изненади заминувањето на Меси. Беше подготвен да остане, изгледаше среќен додека бевме на одмор. Дури и ми рече кариерата ќе ја заврши во Барселона, бидејќи тој клуб му даде сè. Важно му што и на неговите деца таму им е убаво. Одеднаш, сè се смени, како за еден час да го промени ставот и донесе одлука да замине. Тој е мој пријател, му дадов поддршка“ – вели Суарес, кој не знае дали Меси бил измамен од претседателот Жоан Лапорта кој постојано ветуваше дека ќе го задржи Меси, и со тоа ветување ги доби и изборите во Барса.

- Оглас -

Најнови вести