Луис Суарес на интерсен начин на денешниот тренинг на Атлетико Мадрид го одбележа прекрасниот јубилеј и 500. гол во кариерата со којн вчера му донесе победа на својот клуб од 1:0 за зцврстување на првото место во Ла Лига.
Со фотографија на која стои петстотка направена од фудбалски топки Уругваецот им се заблагодари на сите клубови за кои настапувал. Со погодокот против Алавес влезе и во клубот 500+ и им де приклучи на членовите на големата четворка активни фудбалери со таков учинок.
https://twitter.com/FootyAccums/status/1373913956453072899?s=20
Ја составуваат Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Златан Ибрахимовиќ и Роберт Левандовски и од вчера и Луис Суарес.
Најмногу голови Уругваецот постигна за Барселона, точно 198, потоа е Ајакс каде дури 111 пати ги тресеше противничките мрежи, а одличен беше и во Ливерпул со 82 погодоци.
Во уругвајскиот Национал постигна 12 на почетокот на кариерата, а за холандски Гронинген, кој му беше прв клуб во Европа даде 15 голови.
Моментно е втор стрелец во Ла Лига со 19 голови,а се заедно во шест клуба за кои играл ја заокружи прекрасната бројка од 500 голови.