Суарес: Не го обвинувајте Валверде

Во меч со многу драма и пресврти Атлетико Мадрид ја елиминира Барселона во полуфиналето на шпанскиот Куп, а притисокот врз тренерот Ернесто Валверде повторно се зголеми.

Шпанските медиуми го критикуваат шефот на стручниот штаб на шампионот и веќе му бараат замена на клупата на Барселона, но Луис Суарес вели дека Валверде не е виновен за поразот во Џеда.

„Не го обвинувајте Валверде, ние грешевме и поразот е наш. Имавме контрола на мечот и успеавме да направиме пресврт, а потоа наивно дозволивме да нè изненадат на контри. Тука нема вина на тренерот, а ние сме кадарни да ги коригираме грешките, вели Суарес.

Мечот заврши со победа на Атлетико од 3:2, а мадриѓаните водеа со 1:0, па Барса направи пресврт за 2:1, постигна и гол за 3:1, но беше поништен. Имаше уште неколку спорни моменти кои се решаваа со помош на ВАР-системот, технологија која според Суарес, треба да се користи само за проверка на голови.

„Најлогично е да постои гол-технологијата. Ова со офсајдите го уништува фудбалот. Ова го кажав веднаш кога го воведуваа ВАР-системот и не го менувам мислењето“, додаде Суарес.

- Оглас -

Најнови вести