Суарес не може да се смири кога е немоќен, од гризење се префрли на штипење (Видео)

Атлетико Мадрид како домаќин загуби од Челзи со 0-1 во меч од осминафиналето на Лигата на шампионите, на кој шпанскиот тим не упати ниту еден шут кон голот на противникот. Сето ова придонесе за фрустрација кај Јорганџиите, особено кај нивната нова ѕвезда Луис Суарес, кој потсети на некои денови од минатото, кога доби голема суспензија поради гризење на противнички играч на Светско првенство.

Суарез синоќа во Букурешт не беше во улога на човекојадец, но на друг начин се обиде да повреди противнички играчи. Во еден дуел со Антонио Рудигер, Суарес подмолно го штипна Германецот, а потоа во дуел со Сесар Аспиликуета падна како покосен, но со задниот дел на копачката замавна кон противникот со намера да го удри.

Имаше среќа што овие трикови останаа незабележани кај судиите, и не само тоа, Суарес во двете ситуации глумеше дека всушност е жртва.

- Оглас -

Најнови вести