Луис Суарес новата тетоважа ќе ја сефтоса против Еспањол?

Луис Суарес откако ќе постигне гол, го бакнува зглобот на раката, домалиот прст, а потоа палецот, показалецот и предниот прст, па реши ова да го стави и на своето тело, поточно како тетоважа на левата страна од вратот.

Уругваецот од Барселона оваа тетоважа му се посветува на своето семејство. Тој со сопругата Софија имаат три деца. На зглобот го има истетовирано името на ќерката Делфина и тоа од времето кога играше во Ливерпул. Случајно или не, буквите од името Делфина како анаграм се поклопуваат со англиската транскрипција на стадионот на Ливерпул, „Anfield“. На прстите има тетоважа на лав и лавица, што претставуваат тој и жена му.

Суарес кој има 31 година, првиот меч со новата тетоважа може да го има вечерва против Еспањол, но можеби и нема да игра, бидејќи има повреда поради која не настапи и на претходните три дуели на каталонците.

- Оглас -

Најнови вести