Суарес оди под нож

Луис Суарес утре ќе оди на операција да ги отсрани проблемите во менискусот од десното колено. Времетраењето на рехабилитацијата ќе се одреди по зафатот, но се предвидува дека ќе трае од четири до шест недели.

Суарес играл со болки во коленото во поразот на Барселона од Атлетико во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп, а со незгодата се здобил при загревање во пресрет на каталонското дерби против Еспањол кое заврши со 2-2 во претходното коло од Ла Лига.

Каталонците ќе бидат значително хедикепирани во следните шест меча поради отсуството на Суарес, а според пресметките на неговата пауза, Уругваецот може да го пропушти и првиот меч против Наполи во осминафиналето од ЛШ.

Суарес сезонава е меѓу поефикасните играчи на Барса со 14 гола на вкупно 23 средби, додека е прв асистент во шпанското првенство со седум наместени гола.

- Оглас -

Најнови вести