Уругвајскиот напаѓач Луис Суарес, летово ќе го напушти Атлетико Мадрид, а желба му е да се врати во Барселона, каде играше пред да замине во редовите на Јорганџиите.
Наводно, Суарес веќе му се понудил на претседателот Жоан Лапорта во ноември, а сакал да прејде во Барса уште во јануарскиот преоден рок. Каталонците тогаш го купија Феран Торес, а како позајмен го донесоа Пјер Емерик Обамејанг.
Суарес во својата прва сезона во Атлетико освои титула, но оваа сезона најчесто е резерва, и тоа не му одговара во пресрет на Мундијалот во ноември и декември, за кига сака да биде во натпреварувачки ритам и топ форма.
Во дресот на Барселона, Суарес даде 198 гола, но не се раздели со клубот на пријателски начин, и сака да го поправи тоа. Би играл за помала плата, но прашање е дали Барселона има намера да го врати ветеранот.