24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Суарес по стапките на Алвеш, сака да се врати во Барса, ќе прифати да игра за малку пари

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарес, летово ќе го напушти Атлетико Мадрид, а желба му е да се врати во Барселона, каде играше пред да замине во редовите на Јорганџиите.

Наводно, Суарес веќе му се понудил на претседателот Жоан Лапорта во ноември, а сакал да прејде во Барса уште во јануарскиот преоден рок. Каталонците тогаш го купија Феран Торес, а како позајмен го донесоа Пјер Емерик Обамејанг.

Суарес во својата прва сезона во Атлетико освои титула, но оваа сезона најчесто е резерва, и тоа не му одговара во пресрет на Мундијалот во ноември и декември, за кига сака да биде во натпреварувачки ритам и топ форма.

Во дресот на Барселона, Суарес даде 198 гола, но не се раздели со клубот на пријателски начин, и сака да го поправи тоа. Би играл за помала плата, но прашање е дали Барселона има намера да го врати ветеранот.

- Оглас -

Најнови вести