33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Суарес пред два месеца дојде во Насионал, а сега може да си замине како слободен агент

Луис Суарес пред два месеца дојде во Насионал, тимот каде што ја започна својата богата фудбалска кариера, но тој може набрзо да го напушти клубот.

Иако има договор до крајот на годинава, кон крајот на октомври се завршува шампионатот во Уругвај, а напаѓачот има желба да се врати во Европа или пак да си ја проба среќата во МЛС-лигата во САД.

Уругваецот посакува да остане во топ-форма за претстојното Светско првенство во Катар, каде што оваа држава е во група со Португалија, Гана и Јужна Кореја.

 

- Оглас -

Најнови вести