Црната серија на Луис Суарес продолжи и во Москва, во ремито на Атлетико Мадрид од 1-1 против Локомотив.
Уругвајскиот голгетер не успеа да погоди и во 23-тиот последоветелен меч од ЛШ на гости. Последен пат Суарес на гости погоди во ремито меѓу Рома и Барселона од 1-1 на 16 септември 2015 година.
Напаѓачот на Јорганџиите ја затресе мрежата на рускиот состав, меѓутоа неговиот погодок во 66-тата минута беше поништен поради офсајд позиција.
Се виде дека Суарес со нетрпение чекаше да ја прекине црната серија, па ѕиркаше во мониторот на ВАР при проверка на погодокот. Поради тоа, Суарес доби жолт картон бидејќи само судиите имаат право да го користат мониторот.