Суарес се враќа во Премиер лигата и тоа повторно да биде заедно со Џерард!?

Луис Суарес и Стивен Џерард повторно ќе бидат заедно? Ова е „бомбата“ која ја пласираа во Англија и се чека потврда. Уругвајскиот голгетер има договор со Атлетико Мадрид до крајот на сезоната, но најави дека нема да ја продожи соработката со Јорганџиите.

Суарес веќе одбил три понуди од Бразил и една од Саудиска Арабија, а според пишувањата, главна причина за тие одбивања е планот да се врати во Премиер лигата. Џерард е тренер на Астон вила и веќе имал контакт со Суарес, со кој беа соиграчи од времето во Ливерпул.

Суарес и Џерард играа заедно од 2011 до 2014 година, а потоа Уругваецот помина во Барселона. Џерард веќе успеа во Астон вила да доведе еден свој соиграч, откако на позајмина го доведе Фелипе Кутињо од Барселона. Кутињо во првиот меч за Астон вила постигна гол во ремито 2:2 против Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести