Суарес сервираше одмазда до Куман, а навивачите на Барса ги молеше да му простат (Видео)

Атлетико Мадрид води со 2-0 по првото полувреме на големото дерби против Барселона, а вториот погодок за мадридскиот тим беше Луис Суарес. Уругваецот кој е трети стрелец во историјата на Барса и беше практично избркан од клубот и прогласен за непотребен, после постигнатиот гол замоли да му биде простено што ја затресе мрежата на Тер Штеген.

Барселона и понатаму е во срцето на Суарес, но тој е професионалец , сега дава максимум во дресот на Јорганџиите, и немаше емоции кога дојде во чиста прилика да постигне гол.

Атлетико уште од 22 август немаше дадено гол во прво полувреме, а вечерва на „Ванда“ веќе постигна два. Првиот беше дело на Томас Лемар, а асистент беше Суарес.

Ова е голот на „Ел Пистолеро“ Суарес:

https://twitter.com/i/status/1444388535570767881

- Оглас -

Најнови вести