Суарес смени дрес, но остана велемајстор за голови – Погледнете ја фантазијата против Реал Мадрид (Видео)

Луис Суарес го смени дресот, но остана велемајстор за голови и по неговиот прекасен погодок, Атлетико Мадрид води со 1:0 против Реал по првото полувреме.

Суарес најпрво мајсторски остана во позиција да не биде во офсајд и тоа за милиметри, а потоа на фантастичен начин со надворешна ја затресе мрежата на Тибо Куртоа и ја круниса одличната акција на Маркос Љоренте во 15. минута.

https://twitter.com/DOMPATTBEAST/status/1368586432470745090?s=20

Суарес долго играше за Барселона и беше учесник на бројни дуели против Реал мадрид во популарното „Ел Класико“, а ова му е прв гол за Атлетико Мадрид во дуелите со кралскиот клуб, против кого сега е учесник во градското дерби на Мадрид.

Уругваецот има 34 години и се уште е топ-стрелец во Ла Лига, а моментно е на второто место на листата со најдобри стрелци со 17 гола, два помалку од Лионел Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести