Суарес со фантастичен гол во 90-та го урна Арсенал (видео)

Барселона го освои „Гампер“ трофејот по победата од 2-1 пријателскиот дуел против Арсенал на „Камп ноу“. Избраниците на Ернесто Валверде се изборија за пресврт пред своја публика, откако Топчиите поведоа преку Обамејанг во 36-тата минута во првиот дел.

Каталонците долго време чекаа за погодок, а имаа помош од дефанзивецот на Арсенал Мајтланд-Најлс, кој си постигна автогол по неразбирањето со голманот Лено во 69-тата минута. Како изминуваше времето, се очекуваше пенали да го решат победникот од овој дуел, но Луис Суарес спречи такво нешто постигнувајќи фанстастичен погодок во 90-тата минута.

На „Камп ноу“ за првпат сезонава се појави и Лео Меси, но Аргентинецот дури пред два дена се врати од одмор и цел натпревар го проследи од клупата за резерви.

https://www.youtube.com/watch?v=kQLiUkmrP9g

- Оглас -

Најнови вести