Уругвај одигра без голови на свој терен во Монтевидео во дуелот против Парагвај, а оваа средба ќе биде запамтена по тоа што Луис Суарес, реши дека е доста и замина во репрезентативна пензија. Голгетерот кој во далечната 2007 година дебитираше за националниот тим на Уругвај, сега завршува со 143 настапи зад себе и рекорди 69 постигнати голови.
Суарес доби испраќање какво што заслужуваат најдобрите, а интересно е дека преку видео порака која беше пуштена на видео бим, се појави и Лионел Меси, кој е многу добар пријател со Уругваецот.
„Здраво дебел“, беше првата реченица во говорот на Меси.
https://twitter.com/i/status/1832255292731437387
Суарес има 37 години, а со Уругвај стигна до полуфиналето на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, а една година подоцна го предводеше својот тим до триумф на Копа Америка. Штета е што Суарес се прости од репрезентацијата во меч на кој немаше голови, но и покрај ремито, Уругвај останува голем фаворит за пласман на Светското првенство кое ќе се игра во 2026 година.