Интер Мајами без проблеми се најде во четвртфиналето на Шампионскиот куп на КОНКАКАФ зоната, што е пандан на Лигата на шампионите откако и во реваншот го победи Кавалир од Јамајка со 2-0, исто како и на првиот меч во Мајами.
Првиот гол го даде Луис Суарес од пенал, а во 53-тата минута Уругваецот излезе од игра и на негово место влезе Лионел Меси, што публиката го проследи со аплаузи. Меси даде гол за потврда на победата во 92-рата минута. Поранешните напаѓачи на Барселона имаат по 5 гола во овосезонскиот Шампионски куп.
Во четвртфиналето, Интер ќе игра со Лос Анџелес ФК.
Gol del Mejor de todos los tiempos 🐐🤩pic.twitter.com/20YLYvp8oY
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) March 14, 2025