Суарез: Јас и Меси го молевме Нејмар да остане во Барса, барем да отидеше во Англија, а не во Франција!

Уругвајскиот голгетер Луис Суарез, кој сега е член на бразилски Гремио, а е трети стрелец во историјата на Барселона, во интервју откри дека тој и Лионел Меси го молеле Нејмар да не си оди од Барса.

Меси и Суарез биле изненадени од тоа што Нејмар кога веќе решил да си оди, зошто не отишол во Манчестер сити или некој друг тим од Премиер лигата, туку во клуб од француското првенство.

„Ова не е тема на која сакам да зборувам. Со Меси му рековме ако сакаш да освојуваш трофеи, остани тука со нас. Мое мислење е дека ако тој останеше во Барселона, сигурно ќе ја освоеше Златната топка. Го советувавме да остане, а ако одлучи да си оди, му рековме дека е најдобро да прејде во Англија, во Сити, каде фудбалот е на повисоко ниво. Но, во Франција? – раскажува Суарез.

- Оглас -

Најнови вести