Насионал е шампион на Уругвај, во големото финале на плејофот го победи Ливерпул, со 4-1, но по продолженија, во регуларниот дел беше 1-1.
Луис Суарез, кој по заминувањето од Атлетико Мадрид се врати во својот матичен клуб, првпат стана првак на својата земја. Вечерва легендата на Ајакс, Ливерпул и Барселона даде два гола, првиот и вториот, со што беше клучен поединец.
Насионал има 49 титули, две помалку од Пењарол.
Се шпекулира дека Суарез откако успешно ја заврши својата мисија дома, зимава ќе премине во клуб од американската МЛС-лига.