Суарес стигна до Росарио, Божик ќе го прослави кај Меси дома! (Видео)

Еден од најблиските лични пријатели на Лионел Меси од светот на фудбалот е Луис Суарес, а за поврзаноста на Аргентинецот и Уругваецот потврдува и информацијата дека тие заедно ќе го прослават христијанскиот празник Божик.

Суарес денеска со сопругата и децата пристигнаа во Росарио, градот во којшто е роден Меси.

Суарес беше еден од првите кои му се јавија на Меси да му честитаат по завршувањето на мечот со Франција.

Пристигнувањето на Суарес кај Меси дома беше снимено од фанови кои чекаа пред куќата:

- Оглас -

Најнови вести