Судбина: Барса не завршила со Европа пред март уште од годината кога Манчестер на „Камп ноу“ стана европски првак

Барселона е на добар пат да ја освои титулата во Шпанија и да го прекине постот од три години без трофеј во Ла Лига, но што се однесува до европските натпреварувања, Каталонците се крајно неуспешни.

За 1 година и 77 дена, Барса четири пати испаѓа од европски натпреварувања, двапати од групна фаза во Лигата на шампионите и двапати во нокаут-фазата во Лигата на Европа. Но, сезонава за првпат по 1998/99 Барса е елиминирана од Европа уште пред да дојде март.

На последните 23 меча во Европа, Барса има 10 порази, а само шест победи. Ниту Роберт Левандовски не успеа да го поправи лошиот биланс на клубот во европските купови.

- Оглас -

Најнови вести