Судбина: две од овие деца станаа ѕвезди на Челзи, третиот монтира прозорци

Газдата на Челзи, Роман Абрамович, претходните години многу вложи во академијата на клубот, и тоа почна да му се исплаќа, бидејќи сезонава голем дел од товарот го понесоа играчи кои потекнуваат од младите категории на клубот од лондонски „Стемфорд бриџ“. Еден од нив беше Мејсон Маунт, кој доби шанса од тренерот Френк Лампард.

На една фотографија од пред десет години, Маунт е детето кое стои најлево на сликата. Таму до него е Кристијан Пулишиќ, а момчето со портокалова коса кое се вика Том Карлтон, не стана професионален фудбалер, туку игра за аматерски клуб во осмата англиска лига. Судбината не сакаше тој да стане врвен фудбалер, па се пронајде како монтер на прозорци.

„Не ни знаев дека Пулишиќ бил со нас додека не ја видов сликата. Тој беше само на проба, но кога ќе пораснете, се гледа кој успеал, а кој не. Кога сте во тие години, сите сме исти“ – раскажува Карлтон, кој се сеќава на дружбата со Мејсон и Деклан Рајс, и жали што не заиграл за Челзи.

Пулишиќ не остана долго во Челзи, се врати во САД, а на Стариот континент се врати како 16-годишен и тоа во Борусија Дортмунд. Во зимата 2019 година, Сините од Лондон го доведоа во своите редови и тој во својата прва сезона даде 11 гола.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести