Судбина или нешто друго: Четири неверојатни сличности при освојувањето на последните две светски титули на Аргентина

Фудбалската репрезентација на Аргентина во неделата по третпат стана светски шампион, по 36 години откако за последен пат ја кренаа Златната божица, а во походот ја предводеа Диего Марадона и Лионел Меси.

Интересно е што при освојувањето на титулата во 1986 и годинава постојат четири неверојатни сличности.

Имено, на двата Мундијали, Мароко завршуваше како првопласиран во својата група, а Белгија беше трета. Разликата е во тоа што на СП во Катар двете репрезентации играа во иста група, а во Мексико пред 36 години беа во различни групи.

Втората случност е таа што Англија на двете Светски првенства во осминафиналето победуваше со 3:0, а во четвртфиналето загуби со 2:1. Во Мексико, Англија славеше над Парагвај, а потоа загуби од Аргентина, а сега на СП во Катар го совлада Сенегал, по што загуби од Франција.

Бразил и на двата Мундијали беше елиминиран во четвртфиналето, и тоа на пенали.Кариоките на СП 1986 беа поразени од Франција, а во Катар од Хрватска.

Последниот податок е најневеројатен, двајцата судии што ги судеа финалињата, сега во Катар и тоа во Мексико, се родени на ист ден, 7 јануари. На СП 1986 година финалето го судеше Ромуалдо Филјо, а во неделата тоа беше Симон Марчињак.

- Оглас -

Најнови вести