Манчестер сити влезе во клучната недела во која треба да докаже дека не ги прекршил правилата на УЕФА. Англискиот првак ја обжали одлуката на УЕФА според која Манчестер сити во следните две сезони нема да игра во европските купови. Граѓаните се жалеа во Спортскиот арбитражен суд во Лозана, а преку видеоконференција во следните три дена треба да ја образложат својата жалба.
Клубот беше казнет поради прекршување на финансискиот ферплеј откако УЕФА ги откри документите за спонзорства во периодот 2012-2016 година. Доколку се потврди суспензијата на Сити, клубот во следните две години ќе има загуба вредна повеќе од 100 милиони евра.
Сити сезонава е дел од осминафиналето во Лигата на шампионите, каде што треба да го одигра возвратниот дуел против Реал Мадрид. Граѓаните се фаворити за пласман во четвртфиналето затоа што на првата средба во Мадрид победија со 2:1.