Голема трагедија го потресе фудбалскиот свет. На 28 години, рано утрово загина фудбалерот на Ливерпул и член на португалската репрезентација, Диего Жота.
Сообраќајна несреќа која се случила во Шпанија, во близина на границата со Португалија во регионот Замора, околу 1:30 часот наутро е причина за смртта на Диого Жота и на неговиот брат Андре кој е две години помлад.
Автомобилот со кој патувале браќата Жота излетал од патот, а потоа се запалил, па лекарските екипи немаше шанса да помогнат.
Да биде трагедијата поголема, пред само 11 дена Жота го имаше еден од најубавите денови во животот. на 22 јуни тој направи свадба со својата долгогодишна девојка Руте Кардосо. Тие беа заедно од 2012 година, а нивната љубов ја имаа крунисно до три деца.
За жал, неполни две недели по свадбата, се случи оваа трагедија.
• 22 de Junho de 2025 •
Sim, para sempre ♾️ pic.twitter.com/pZvQwKADgd— Diogo Jota (@DiogoJota18) June 28, 2025