Судии кои се први соседи со Австрија ќе ја делат правдата на клучниот меч

Словенците Давид Сок и Давид Лах се двајцата судии кои ЕХФ ги определи како делители на правдата на клучниот меч на Македонија против Австрија. Сок и Лах се судии кои не би требало да подлегнат на притисокот од домаќинот, иако двајцата доаѓаат од Словенија, земја која е сосед на Австрија.

На Македонија ѝ останува да одигра најдобро што знае и да не чека никаква можност судиите да ја кројат судбината на мечот. Интересно е што според калкулациите, Македонија и со нерешено може да стигне до главната фаза на ЕП.

Дуелот започнува во 18:15 часот, а од 20:30 часот ќе се игра и вториот меч од нашата група меѓу Чешка и Украина.

 

- Оглас -

Најнови вести