Судиите го „сакаат“ Реал, неверојатно е каков пенал им досудија на фудбалерките (ВИДЕО)

Фудбалерките на Реал Мадрид и Челзи синоќа одиграа 2:2 во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите, но во фокусот на јавноста е судењето во корист на шпанскиот тим.

Фудбалерките на Реал Мадрид до бодот дојдоа од контроверзно досуден пенал во второто полувреме.

„Ова е грабеж“, е краткиот коментар на фудбалерките на Челзи.

Имено, во 79-тата минута Кармона го реализира пеналот кој воопшто не постоеше бидејќи прекршокот над Дел Кармино беше барем два метра надвор од шеснаесетникот.

Контроверзниот момент може да го видите ТУКА.

Фудбалерките на Челзи беа драстично оштетени за чист гол, кој им беше поништен иако на снимката се гледа дека воопшто не станува збор за недозволена ситуација.

 

- Оглас -

Најнови вести