Олимпијакос во Истанбул го порази Фенербахче со убедливи 93-73, а сè беше јасно уште по првото полувреме, кое грчкиот тим го доби со 51-30.
Во финишот на првото полувреме, при неверојатен резултат од 45-16 за Олимпијакос, исклучена беше една од главните ѕвезди на Фенер, Скоти Вилбекин, и домашните збеснаа.
Навивачите не им го заборавија на судиите, па додека арбитрите одеа кон соблекувална, добија гласни свирежи, а беа и запрени од фанови кои им го попречија патот.
https://twitter.com/i/status/1620493174383972354