Судиите не дозволија Арсенал прв пат на полувреме да има водство (Видео)

И по дуелот против Хадерсфилд, Арсенал останува единствениот тим во Премиер лигата што немал водство на полувреме. „Топчиите“ на свој терен имаа многу шанси во првото полувреме, но по првите 45 минути остана 0:0. Арсенал успеа да даде гол со кој ќе имаа предност од 1:0, но судиите го поништија.

Се играше завршницата на првото полувреме кога голманот на домаќините далеку ја шутна топката, а Обамејанг со глава ја продолжи кон Лаказет. Во тој момент се чинеше дека напаѓачот на Арсенал е во недозволена оф-сајт позиција, но не играше со топката. Еден од гостинските играчи ја прифати топката и сакајќи да ја врати назад кон голманот, згреши.

Тогаш Лаказет ја прифати топката и даде гол, но судијата го поништи поради оф-сајт, па Арсенал остана и по овој меч да нема предност на полувремето.

Сами процените дали голот е правилно поништен.

https://twitter.com/big_man_joshyy/status/1071433209043451904

 

- Оглас -

Најнови вести