Судиите прогласија победа на Хејни, Ломаченко се расплака, чувствува дека имало неправда (Видео)

Американскиот боксер Девин Хејни, ги одбрани светските титули во лесна категорија после победата со едногласна одлука на судиите против Украинецот Васили Ломаченко.

Ова беше 30-та победа за Американецот кој нема пораз, а за Украинецот тоа е трети пораз.

Битката беше многу изедначена во 12-те рунди, дури Ломаченко имаше и повеќе удари од противникот, но судиите пресудија во полза на Хејни.

После мечот, емотивниот Ломаченко беше снимен како плаче.

- Оглас -

Најнови вести