Англиските клубови веруваат дека челниците во Премиер лигата ќе го сменат начинот на кој се користи ВАР-системот. Ненаметливата употреба на ВАР-системот за време на Европското првенство е една од најпозитивните работи забележани на континенталниот турнир.
Судиите кои беа дел од ЕП2020, а ја делат правдата во Премиер лигата треба да имаат состанок со своите колеги и да разговараат за нов начин на употребна на ВАР-системот. Минатата сезона беше прва во која се употребуваше ВАР-системот во Англија, а според многумина, имаше голем број контроверзни одлуки.
Европското првенство покажа како технологијата може да биде во служба на фудбалот, но таа сепак да не биде централен елемент, како што беше на голем дел од наптреварите што лани се играа во Премиер лигата. Дури и претседателот на комисијата за судии на УЕФА, Роберто Росети, апелираше до челниците во англиското првенство да се примени примерот од ЕП2020 и ВАР-системот да интервенира на видлив начин само во случај на очигледни грешки на главните судии.