Најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси, најкомотно се чувствува кога игра во Шпанија, сите бројки го покажуваат тоа. Во дресот на Барселона тој е многу поефикасен во лигата отколку во ЛШ, а и во ЛШ најчесто погодува на домашен терен, многу поретко на гостувањата. И статистиката на добиени жолти картони покажува дека е понервозен на европска сцена.
Судиите во Европа немаат толку милост кон него како шпанските. Во шпанската лига Меси има добиено само два жолти картони на последните 32 средби, а во ЛШ на два меча по ред пожолтува и наредниот картон ќе значи пауза од еден меч. Синоќа против Наполи имаше фаул за кој заслужено доби картон.
Барса е многу зависна од неговите голови. Кога Меси дава гол во ЛШ, Каталонците имаат 59 победи на 70 меча, а кога Меси не дава гол, Барса има само 24 победи на 71 меч.