Судија доби инфаркт на сред меч, кошаркар му го спаси животот (Видео)

На судијата Џон Скајли му се слоши за време на Кошаркарската лига во Џејмстаун во Њујорк. Среќа во несреќата е тоа што еден од кошаркарите остана смирен и успеа да му помогне и да му го спаси животот.

Играчот Мајлс Копленд кој инаку работи како пожарникар почна со реанимација, која по неколку минути дала ефект и судијата бил спасен.

„Имам развиен инстикт да реагирам. Нема многу време за размислување. Му го проверив пулсот и проверив дали дише. Не почувствував пулс и почнав да му давам вештачко дишење, за што сум обучен“, рече кошаркарот аматер кој стана херој на кошаркарскиот дуел.

По 30 минути реанимација, судијата успеал да се освести и во будна состојба бил пренесен во болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести