Халис Озкаја го утна времето предвидено за продолжение на мечот меѓу Газијантеп и Касимпаша и четири минути порано отсвири крај, па потоа ги бараше фудбалерите да се вратат на терен и да доиграат уште пет минути.
Четвртиот судија на мечот од турската Прва лига покажа 9 минути судиско продолжение, а Озкаја свирна крај порано, па потоа од соблекувална ги врати да го завршат натпреварот.
За негова среќа Газијантеп имаше предност од 2:0, па во доиграните пет минути немаше промена на резултатот, откако мечот веќе беше решен во корист на домашниот тим.
https://twitter.com/beINSPORTS_TR/status/1456701292903030787?s=20