Судија мајсторе – му покажа три картони на грубиот фудбалер (Видео)

На натпреварот помеѓу Гарфорд таун и Брајдлингтон од полуаматерската Нортерн каунтис ист лиг (деветта по ранг во Англија), кој заврши со резултат 1-1, се случи една крајно необична ситуација. Главниот судија на фудбалерот Алекс Лоу му покажа три картони во рок од неколку секунди.

Сите картони беа заслужени, и тоа за фаули направени во рок од 12 секунди. Најпрвин во седмата секунда од видеото подолу, Лоу прави намерен фаул за да спречи контра, но не успеа и продолжи да трча кон својот 16-ник, при што направи уште еден прекршок од позади. Судијата сето тоа го забележа и му даде еден жолт картон за првиот фаул, па уште еден за вториот и тоа значеше исклучување, па судијата извади и црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести