На мечот помеѓу Мароко и Габон од квалификациите за Африканскиот куп на нации, видена е една несекојдневна ситуација, беа досудени дури четири пенали и тоа само во првото полувреме.
По првиот дел, резултатот е 2-1 за домашните. Хаким Зијеш успешно ги реализираше своите удари од белата точка, додека кај гостите Пјер Емерик Обамејанг прво утна, па потоа даде гол од пенал.