Кошаркарскиот судија Брендон Кнапер е уапсен бидејќи на натпревар меѓу средни училишта во Калифорнија, САД, нокаутирал кошаркарски тренер.
На нападот на Кнапер му претходела расправија меѓу него и тренерот Роб Александер, по што судијата го нокаутирал тренерот и потоа продолжил да го удира додека лежел на теренот.
Судијата веднаш е уапсен и му е одредена кауција од 25.000 долари. Судското рочиште се очекува да започне на трети ноември, а Кнапер е обвинет за насилство и нанесување на телесни повреди.
Тој за време на распитот во полиција рекол дека неговата постапка претставувала одговор на вербалните навреди на тренерот.