Лос Анџелес лејкерс без многу проблеми го победи Сакраменто кингс со 117:92, во меч на којшто имаше една необична ситуација. Пред крајот на третата четвртина, Давион Мичел се повреди, и тоа по контакт со судијата.
Мичел шутираше, а при обид да се врати наназад, со ногата незгодно згазна на ногата на судијата и си го свитка зглобот.
Играчот на Сакраменто не можеше да го продолжи мечот, па остана на осумте поени што ги имаше до тој момент.