Судија се налути на пријателски меч, покажа црвен картон и го напушти теренот во 10-тата минута (Фото)

На контролниот меч помеѓу чешкиот тим Славија Прага и полскиот Раков имаше сцени кои се необични за еден пријателски дуел, а во главна улога беше судијата.

Во 10-тата минута по кавга со Јанис Папаниколау од Раков, судијата му покажа црвен картон на Гркот. Судијата продолжи да се расправа со останатите играчи на Раков, по што одлучи да го напушти теренот и заедно со помошниците си заминаа.

Двата тима беа во шок, па се договорија сепак да продолжат 11 против 11, Папаниколау остана на теренот, а тренерот на Раков беше во улога на главен судија, додека помошници беа двајца резервни играчи на Славија.

Мечот заврши 2-1 за Славија откако Раков поведе со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести